Search

ЕУ размислува да воведе еко-даноци кои би ги поскапеле авиобилетите

Европските земји разгледуваат можност за воведување на нови даноци во авио-сообраќајот поради загадувањето кое се создава, кои пак значително би ги зголемиле цените на авиобилетите.

Со месеци, во авионската индустрија се дискутира за воведување на еколошки даноци, поради критиките дека комерцијалното воздухопловство е одговорно за голем дел од вкупните емисии на јаглерод диоксид (СО2).

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), се работи за два проценти од вкупната количина на овие издувни гасови, додека невладината организација Climate Action Network проценува дека станува збор за пет проценти, пренесува „Танјуг“.

Шведска веќе воведе данок за керозин, кој во моментов изнесува од шест од 38 евра по авиобилет, а во оваа земја се се погласни ставовите дека еколошка срамота е да се патува со авион.

Франција ја разгледува можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои опција за патување со воз, пократко од пет часа.

Белгија и Холандија на почетокот од годината го покренаа прашањето за загадувањето, а се очекува тоа да биде и една од темите на состанокот на Советот на министри за транспорт на ЕУ во Луксембург.

Се вели дека и другите земји од ЕУ, исто така, внимателно ја следат ситуацијата.

„Постојат различни опции за системот на даноци за загадување, а Франција добро ќе разгледа кој систем е најдобар“, рече францускиот министер за транспорт.

Треба да знаете
Последни објави