Search

ЕУ предупредува на закана за регионалната безбедност после нападот во Саудиска Арабија

Нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко” во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност, соопшти Европската унија.

– Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог, стои во соопштението во кое се изразува жалење кон саудиските власти и народ.

ЕУ укажува дека е многу важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин”.

– Во исто време Европската унија го повторува својот повик за максимална воздржаност и  деескалација, се додава во соопштението потпишано од портпаролката Маја Коцијанчиќ.

Нападот на двете нафтени постројки во Саудијска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија. Одоговорност за нападот презедеоа јеменските шиитски бунтовници Хути.

 

Треба да знаете
Последни објави