Search

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањата на работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата Ковид-19.

Шемата наречена SURE ќе обезбеди вкупно 100 милијарди евра заеми за земјите членки на ЕУ за да се спречат милионските отпуштања на работници.Планот е инспириран од германскиот модел со кој работниците би работеле скратено работно време, но би добиваат целосни месечни плати.
Идејата е Европската комисија да земе заем на меѓународниот пазар и да го пренесе на членките, што ќе им обезбеди значително подобри услови на земјите со кревка економија.
Сепак, многу е неизвесно дали земји како Германија и Холандија, кои традиционално се спротивставуваат на мешање на долговите, ќе го одобрат последниот предлог на Комисијата.

Треба да знаете
Последни објави