Search

ЕУ: Оставките на опозициските претеници ја поткопуваат евроинтеграцијата на Албанија

Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца оцени дека откажувањето на опозицијата од пратеничките мандати го поткопува интегративниот процес на Албанија.

– Откажувањето од мандатите го поткопува процесот на интеграција на Албанија кон ЕУ. Пратениците имаат одговорност кон гласачите, очекуваме Владата и опозицијата да се вклучат во дијалогот, порача Сореца од албанскиот град Корча.

Тој додаде дека во овој момент е премногу рано да се направат какви било предвидувања, затоа што албанскот Парламент од вчера е без опозиција.

– Неивесноста во земјата е многу висока. Вчера влеговме во оваа ситуација. Помина многу малку време. Она што можам да кажам е дека без дијалог не постои решение на патот на Албанија кон Европската унија во кој постигна голем напредок, рече Сореца.

Инаку, поради најновото заострување на политичката криза во Албанија следната недела во Тирана ќе допатува делегација на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави