Search

ЕУ од следната година воведува универзален полнач за сите мобилни

Комисијата за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите во Европскиот парламент расправаше за обврската да се воведе универзален полнач за сите мобилни телефони и помали електронски уреди. Потпретседателката на европските социјалисти, Билјана Борзан, рече дека стандардизацијата на полначите може да почне веќе од наредната година.
„Ова е многу добра вест за граѓаните. Секој од нас има по неколку стари полначи во фиока и постојано собираме нови. Некои полначи ја зголемуваат цената на уредот и до 40 евра, така што оваа стандардизација, која ќе обезбеди универзален полнач за сите типови мобилни телефони и евентуално други мали електронски уреди, ќе доведе до значителни заштеди за граѓаните“, смета Борзан.
Таа нагласи дека електронскиот отпад низ делови од ЕУ, секоја година расте за од три до пет проценти, пренесе хрватски „Индекс“.
Годишно како отпад завршуваат 51.000 тони полначи. Токму затоа во тек се консултациии за начинот на кој полначот би требало да се стандардизира, а законските одредби би можеле да се усвојат веќе следената година.

Треба да знаете
Последни објави