Search

ЕУ нуди посредување во решавањето на кризата во Црна Гора по моделот на Македонија

Владимир Билчик, копретседател на Парламентарниот комитет на ЕУ и Црна Гора за стабилизација и асоцијација, изјави дека ЕУ може да помогне во решавање на институционалната криза во Црна Гора како што го направи тоа во Македонија, но дека за нивно вклучување не е доволен само повик од опозицијата, пренесува „Вечерње новости“.

Одговарајќи на прашањето дали и накој начин Европскиот парламент и Брисел можат да помогнат во решавање на институционалната криза во Црна Гора и дали тоа може да влијае врз понатамошните преговори со ЕУ, тој истакна дека дијалогот што го користеле во Северна Македонија и вториот механизам – интерпарламентарниот дијалог кој е на сила во Србија, може да се активираат и тука, се разбира, на барање на Црна Гора.

Билчик посочи дека ЕП е подготвен да помогне во тој процес преку медијација или да понуди совети.

„Веќе бевме во ситуација некои земји кандидатки да нè замолат за таква помош, да сториме сè што можеме да се развие таа политичка култура во парламентот и во другите институции“, рече тој.

Билчик оцени дека прашањето на верските заедници е исклучиво во надлежнот на државата Црна Гора, но дека таа постапка мора да се води во согласност со сите меѓународни и други релевантни стандарди во сферата на човековите права.

Треба да знаете
Последни објави