Search

ЕУ и официјално известена за промена на името

Европската Унија и официјално ја доби нотификацијата за промената на уставното име на државата, соопшти попладнево службата за надворешна акција на ЕУ, ЕЕАС.

-Денеска ЕУ беше формално известена од страна на Република Северна Македонија за новото име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор.

-Топло го поздравуваме овој историски чекор, што претставува пример за помирување за регионот на Западниот Балкан и пошироко, стои во соопштението на ЕЕАС.

ЕЕАС, која ја води Федерика Могерини, и го посредува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и честита на Северна Македонија за овој огромен успех и отвора нова страница во “нашата заедничка ЕУ иднина”, се вели понатаму во соопштението.

Деновиве и останатите ЕУ институции ќе добијат слично известување од страна на нашето Министерство за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави