Search

ЕУ и Арапска лига без заедничка декларација по средбата во Брисел

Европска Унија и Арапска лига (АЛ) денеска соопштија дека постигнале разбирање за решавање на конфликтите во Сирија и во Јемен, како и за забавените блискоисточни мировни преговори, но оти не успеаја да се согласат за објавување на заедничко декларација по состанокот во Брисел.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека во разговорите имале од 90 до 95 отсто усогласено мислење за проблемите со колегите од АЛ.

Генералниот секретар на АЛ, Ахмед Абул Геит истакна дека повеќе компликации имало од европската отколку од арапската страна, но Могерини не се согласи со неговиот став.

Заедничка изјава по средбата не е издадена откако Унгарија се спротистави на некои тези за миграцијата кои требало да бидат во декларација.

Треба да знаете
Последни објави