Search

ЕУ е подготвена да се спротивстави на новиот вирус од Кина

Европа располага со средства како да се спротивстави на ширењето на новиот корона вирус, кој првично е откриен во Кина, изјави професорот Херман Госенс, претставник на европската организација „Припеар”, која работи на спречување на новопојавени епидемии со поддршка на Европската комисија.

Според него, никогаш досега немало толку брз и кохерентен одговор на појавата на нова епидемиска закана.

Госенс истакна дека постои голема опасност пред кинеската Нова Година поради очекуваното масовно патување на Кинези и можноста за ширење на вирусот многу полесно.

– Никој не е подобро подготвен за заканата отколку ЕУ. Европа има структури и средства за да се справи со евентуална пандемија, нагласи професорот.

Треба да знаете
Последни објави