Search

ЕУ: Годишната стапка на инфлација во декември се намалила за 0,3%

Малопродажните цени во Европската Унија се покачиле за 1,7% во декември, објави бирото за статистика на ЕУ.

Според „Евростат“, годишната стапка на инфлација во Унијата паднала за 0,3% минатиот месец, односно 2% во споредба со ноември.

„Во споредба со ноември, годишната инфлација се намалила во 22 земји членки, останала стабилна во три, а се покачила во три“, велат од бирото за статистика.

Во Грција и Португалија се забележани најниските годишни стапки на инфлација, 0,6%, додека највисоките бројки се забележани во Естонија и Романија со 3,3% и 3,0%.

Од 2008 до 2018 година, најниска стапка на годишната инфлација во ЕУ е забележана во јануари 2015, односно -0,5%, кога цените всушност опаѓале, а највисоката стапка на инфлација е забележана во јули 2008, односно 4,4%.

Треба да знаете
Последни објави