Search

ЕУ бара прекин на воените активности во Либија

Високата претставничка за надворешна политика на Европска Унија, Федерика Могерини, утрово во Брисел се сретна со премиерот на Либија, Фајез Ел Сараџ со кого разговараше за кризата во оваа земја, соопштија од нејзиниот кабинет.

Могерини во име на ЕУ повика веднаш да се стави крај на воените активности во ЕУ и сите страни повторно да се посветат на политичкиот дијалог.

Ел Сараџ утрово беше гостин на Советот за надворешни работи каде ја изложил ситуацијата во неговата земја пред ЕУ министрите, а учествуваше и специјалниот претставник на Обединетите Нации за Либија, Расан Саламе.

ЕУ му искажа целосна поддршка на претставникот на ОН за неговата работа и апелираше на итен прекин на огнот. Исто така се разговараше и за хуманитарната ситуација во Либија, каде илјадници лица се раселени откако е нападнат главниот град, Триполи.

Могерини побара заштитата на цивилите да биде приоритет како и да продолжи со работата за помош на мигрантите кои се наоѓаат во затворените центри во Либија.

Треба да знаете
Последни објави