Search

Еурофарм Работник на тест во Добој

Новиот македонски учесник во регионалната ракометна СЕХА-лига, како и дебитант во Лигата на шампионите, битолски Еурофарм Работник од денеска, па до петок, ќе настапи на турнирот „Добој 2019“. Настапот на 51. издание на турнирот во Добој ќе биде вистински тест за Еурофарм Работник пред стартот на новата сезона.

Еурофарм Работник ќе игра во групата А, а првиот противник вечерва од 21 часот ќе им биде Кринс од Швајцарија. Утре „фармацевтите“ ќе игра со домаќинот Слога Добој, а во последниот меч од групната фаза в петок со еден од новите учесници на СЕХА лигата, кинескиот Бејџинг Спорт Универзитет. По групната во зависност од пласманот, в сабота екипите ќе разигруваат за конечен пласман. Победникот на турнирот ќе парична награда од 10 илјади евра, второпласираниот 7.500, додека третиот 5 илјади.

На турнирот ќе настапат осум екипи поделени во две групи.

Група А
Бејџинг (Кина)
Кринс (Швајцарија)
Еурофарм (Македонија)
Слога (Босна и Херцеговина)

Група Б
Татран (Словачка)
Шартр (Франција)
Извиѓаќ (Босна и Херцеговина)
Војводина (Србија)

 

Треба да знаете
Последни објави