Search

Еурофарм Работник на пенал-рулет го загуби трофејот во Добој

Францускиот ракометен прволигаш Шарт е победник на годинашното издание на турнирот „Добој 2019“. Во финалето на пенал-рулетото трофејот го загуби Еурофарм Работник. На својот дебитантски настап на овој традиционален турнир македонскиот Еурофарм во регуларниот дел се избори за (22:22), но во пенал серијата за да се стигне до новиот обедник загуби со 4:3.

Кузманоски и Чурлевски беа трагичарите во пенал-завршницата.

Новит учесник во Лигата на шампионите и регионалната СЕХА-лига Еурофарм Работник одигра добар натпревар. Поведоа со 2:0, а предноста во првиот дел ја зголемија и на пет гола, но како се ближеше крајот го губеа ритамот. Францускиот тим успеа да направи и пресврт, па битолчани со искористениот седмерец на Кузманоски во регуларниот дел стасаа до пенал серијата.

Треба да знаете
Последни објави