Search

Еурофарм Пелистер очекува спортска поддршка од навивачите и пласман во наредната фаза од СЕХА-лигата

Македонскиот дебитант во регионалната ракометна СЕХА-лига, Еурофарм Пелистер, вечерва (20.15 часот) го игра реванш-натпреварот од осминафиналето против хрватски Нексе во ќе треба да анулира предност од три гола на гостите (20:23 по првиот меч) за да се пласира во четвртфиналето каде ги чека грогираниот првак Вардар. Раководството на битолчани информира дека влезниците за овој меч со Нексе се распродадени.Од навивачите кои ќе се најдат во салата „Боро Чурлевски“ бараат гласна, но – цивилизирана поддршка.

-Управата на клубот е уверена дека со истакнување на европски манири на секој од присутните во салата и гласното и цивилизирано бодрење на нашиот клуб во текот на целиот натпревар, ќе се пласираме во четвртфиналната фаза од СЕХА лигата и ќе потврдиме дека спортската сала „Боро Чурлевски“ е европски ракометен храм во најракометниот град – Битола“, се вели меѓу другото во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Треба да знаете
Последни објави