Search

Еурофарм Пелистер нема да почне во закажаниот термин со обврските од Лига Европа

Стартот на новата сезона во второто по ранг клупско ракометно натпреварување Лига Европа, за битолски Еурофарм Пелистер ќе биде пролонгиран. За 20 октомври е најавен почетокот на лигашкото натпреварување од Лига Европа, кога битолчани треба да бидат домаќини на унгарскиот состав Татабања. Но, до одигрување на овој меч најверојатно нема да дојде, бидејќи унгарскиот тим пријавил дека има дури 15 ракометари инфицирани од коронавирусот.

Европската ракометна федерација се уште се нема произнесено за ова барање, но се поизвесно е дека во Битола нема да се игра натпреаврот од 1. коло во групата во закажаниот термин.

Треба да знаете
Последни објави