Search

Еурофарм Пелистер е претпазлив пред гостувањето кај Тримо Требње

Ракометарите на македонскиот претставник во второт по ранг клупско натпреаврување Лига Европа,  Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 ч.) во рамките од 5. коло во група Д гостуваат кај словенечкиот Тримо Требње. Битолчани се фаворити, но таквата улога не ја прифаќа во пресрет на првиот од двата дуели во групата, тренерот Жељко Бабиќ. Идната недела овие две екипи ќе ги одмерат силите во Битола.

-Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити. Многу екипи имаа проблеми со коронавирусот и тоа дополнително ги прави натпреварите неизвесни. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена – изјави Бабиќ.

Треба да знаете
Последни објави