Search

Еурофарм е подготвен да ги израдува своите гледачи со триумф и над Загреб

Македонскиот дебитант во регионалното ракометно натпреварување СЕХА-лигата, битолски Еурофарм Работник попладнево (17.15 часот) пред своите гледачи во Б групата од ова натпреварување го пречекува хрватскиот ППД Загреб, предводен од црногорскиот стартег Веселин Вујовиќ. Средбата е од 10. коло во групата каде Загреб е третопласиран со 12 бода, а Еурофарм заднего со три бода помалку. Битолчани каде неодамна дојде и до семена на тренерската клупа по серијата порази, во последниот меч од групата во Лигата на шампионите пред своите гледачи забележаа победа против Бидасоа и се надеваат дека ќе фатат победнички ритам. „Фармацевтите“ се подготвени да ги израдуваат своите гледачи и со триумф над Загреб.

– Натпреварот ќе биде од исклучително значање за нас со цел да го завршиме регуларниот дел од сезоната на добра позиција во групата Б. Очекувам неизвесен дуел со Еурофарм. Во Битола не чека тешка задача, бидејќи Еурофарм одиграа одлична дебитантска сезона. Ќе дадеме се од себе да освоиме три бода на гостински терен – вели Веселн Вујовиќ.

Треба да знаете
Последни објави