Search

ЕТУК: Да се обезбеди почитување на правата на работниците

Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК) ги повикува лидерите на Европската унија да почнат преговори за членство со С.Македонија и со Албанија, но и да се осигурааат дека правата на работниците се соодветно третирани и оти синдикатите се составен дел од тој процес.

Во изјавата на ЕТУК што денеска ја пренесе Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се изразува жалење за одлуката на Европскиот совет да не почне преговори со двете држави и ги повикува нејзините лидери да ги почитуваат основните права на работниците во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат европскиот социјален модел.

-Жалиме за одлуката на Европскиот совет за неотпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ на Македонија и Албанија и ја изразуваме нашата солидарност со работниците и нивните синдикати во овие земји. Тие се соочуваат со огромни предизвици на дефицит на пристојни работни места, непочитување на законите, ниски плати, високо ниво на неформална работа, како и систематска повреда на основните права и слободи на работниците, и на кои им треба јасна европска перспектива со цел истите да ги исполнат. Отворањето на преговорите можеше да ги натера овие земји да ги исполнат предизвиците, како и да ја реафирмираат непобитната улога на социјалните партнери во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества, стои во изјавата.

ЕТУК истовремено ја повикува новата Европската комисија да претстави нов модел на политиката на проширување на ЕУ, со поголемо внимание на социјалните права и заштита и со обезбедување целосна вклученост на синдикатите преку социјален дијалог како на европско ниво, така и на национално ниво.

Треба да знаете
Последни објави