Search

Естонија: Зголеменото присуство на САД и НАТО нема да донесе стабилност

Зголеменото воено присуство на САД и НАТО во Естонија нема да придонесе за стабилноста во регионот, изјави денеска амбасадорот на Русија во Естонија, Александар Петров во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

– Исто така, можеме да ја почувствуваме загриженоста на естонските граѓани поради зголемувањето на военото присуство на НАТО, кое сега се наметнува во Европа, а соодветно на тоа и во Естонија, рече Петров.

Тој оцени дека „тоа не придонесува за јакнење на мирот и стабилноста”.

На самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година е донесена одлука за распоредување дополнителни сили на НАТО во источна Европа, вклучувајќи ги и Полска, Латвија, Литванија и Естонија.

Треба да знаете
Последни објави