Search

ЕСП: Лондон може да го отповика Брегзит без одобрение од ЕУ

Европскиот Суд за правда во Луксембург се изјасни за можноста Обединетото Кралство да го откаже процесот на повлекување од ЕУ доколу така одлучи.

Одлуката на Судот доаѓа еден ден пред круцијалното гласање во британскиот парламент за Договорот за Брегзит.

бединетото Кралство е слободно унилатерално да ја отповиква нотификација за намерата за повлекување од ЕУ, порача денеска Европскиот Суд за правда.

Судот смета дека Лондон има право без одобрение од другите 27 земји членки да го укине процесот на напуштање на ЕУ и да остане членка на Унија под истите услови како и претходно, но само доколу тоа произлегува од парламентарна одлука.

Предметот пред ЕСП го поднесоа неколку британски политичари од различни политички партии.

Треба да знаете
Последни објави