Search

Еспер: Наредив преиспитување на безбедноста на воените бази во САД

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер соопти дека по нападот на Флорида им наредил на вооружените сили да ја преиспитаат  безбедноста на воените бази и да проверат процедури што поминуваат странски војници кои доаѓаат во САД на обука.

Припадник на саудиското воено воздухопловство во петокот во база на морнарицата во Пансакола на Флорида со огнено оружје уби три лица и рани уште осуммина.

Еспер во изјава за Фокс Њуз нагласи денеска дека од надлежните офицери бара „да се осигураат дека се преземени сите мерки за безбедност” на воените подрачја.

Од Пентагон побарал да разгледа проверки на странски војници кои доаѓаат во САД на обука.

Американскиот министер исто така  рече   дека политичкиот договор со талибанците и авганистанската влада е „единствениот пат напред” за прекин на долготрајната војна на земјата, додавајќи дека САД постигнале сузбивање на „иранското лошо однесување” на Блискиот исток.

Треба да знаете
Последни објави