Search

ЕСМ ги раздвои елементите во логото за подигање на јавната свест за социјална дистанца

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) симболично ги раздвои елементите во своето корпоративно лого во насока на подигање на јавната свест за потребата од социјална дистанца во услови на пандемија.

Пораката на логото, како што соопштија од ЕСМ, е „Да се држиме заедно, но да одржувамe дистанца”.

– АД ЕСМ секојдневно ги охрабрува своите вработени да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи, со цел што побрзо да ја надминеме кризата и предизвикот со кој сме соочени, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави