Search

Ер Франс отпушта 1.022 вработени од својата нискотарифна ХОП!

Ер Франс се подготвува да затвори 1.022 работни места во својата нискобуџетна авиокомпанија ХОП! со цел да се справи со економските последици од корона-кризата, изјави денеска претставникот на синдикатот ЦГТ Жоел Рондел.

Раководството на „Ер Франс” има состанок со синдикатите за плановите за реструктуирање и отпуштања на вработени.

Истовремено, според локалните медиуми, членови на синдикатот протестираат во базата на компанијата на парискиот аеродром Шарл де Гол. Синдикалците се посебно огорчени што француската Влада не инстистирала на тоа Ер Франс да ги заштити работните места кога во мај на компанијата и одобриле седум милијарди евра државна помош.  Синдикатите предупредуваат дека бранот укинување работни места ќе се прошири на целата француска економија.

Француските медиуми, уште напоменуваат, дека авиокомпанијата сака да намали 7.500 работни места, првенствено по пат на доброволно заминување. 

Треба да знаете
Последни објави