Search

Ерсте банка: Северна Македонија ќе има полза од решавањето на спорот со името

Со завршувањето на речиси тридеценискиот спор со Грција околу името на земјата, Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, покажува новиот извештај на Ерсте банка.

Оваа година, банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти, а во 2020 година да достигне 3,3 проценти, со нов раст на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови.  Стапката на невработеност, пак, според извештајот на банката, ќе се спушти на 20 проценти годинава, а вработеноста ќе достигне близу 53 проценти, поткрепени со владини субвенции за работодавачите од приватниот сектор.

-Јавните инвестиции во 2018 година, во голема мера беа во застој поради политичката неизвесност, така што оваа година очекуваме пораст на капиталните инвестиции со интензивирањето на изградбата на автопатите, се вели во извештајот.

Според банката, триумфот на лево-ориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесната трка за претседател на државата над кандидатот на опозицијата Гордана Силјановска Давкова може де факто да се сфати како став во однос на неодамнешната промена на името на државата, како и посветеноста кон НАТО и ЕУ интеграцијата.

Треба да знаете
Последни објави