Search

Ерос Рамацоти на 30 септември во Скопје

Ерос Рамацоти на 30 септември во Скопје

Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n’e'”, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември.

Рамацоти доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција што гарантира светско возбудливо доживување.

Авалон продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Ерос Рамацоти во софиската арена „Армеец“ со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 3-ти октомври.

Влезниците за концертот на Рамацоти ќе бидат пуштени во продажба онлајн, исклучиво преку новиот билет систем на Авалон и во дел од продажната мрежа што ќе биде објавено утре.

Треба да знаете
Последни објави