Search

Еропскиот суд пресуди дека германските патарини за туристи се дискриминирачки

Планираната германска патарина за автомобили ги дискриминира странските возачи и го крши законот на Европската унија, во вторникот рече највисокиот суд на ЕУ.

Европскиот суд за правда ја поддржа жалбата од Австрија, која смета дека економскиот товар од патарина паѓа исклучиво на возачите од земјите на ЕУ, освен Германија.

Пресудата значи дека Германија не може да ја воведе патарина, која требаше да стапи на сила во октомври 2020 година, а која беше изгласана во 2015 година со закон со кој се утврди наплатата за патничките автомобили што ги користеа автопатиштата во земјата.

Оние со автомобили регистрирани во Германија би платиле годишна такса од околу 130 евра, но тие би добиле соодветно намалување на данокот на моторни возила.

Возачите кои живеат на друго место, исто така би плаќале за возење на германски автопати, повторно до најмногу 130 евра годишно. Тоа ги загрижи австриските возачи, бидејќи најбрзата маршрута исток-запад низ Австрија вклучува кратенка низ Германија наречена „германски агол“.

Австрија има сличен годишен приход – но без даночни олеснувања за локалните возачи – што може да ги иритираат Германците кои одат во Австрија на одмор или преминуваат низ земјата на пат кон Италија.

Австрија, поддржана од Холандија, се пожали дека даночното олеснување за германските жители ефективно би значело дека само странските возачи ги плаќаат патирините.

Судот се согласи во вторникот, велејќи дека планираниот систем претставува индиректна дискриминација врз основа на националноста.

„Верувам дека оваа одлука на ЕСП навистина е добар ден за Европската унија … и дека тоа е исто така знак, јасен сигнал во корист на праведноста“, изјави австрискиот министер за транспорт, Андреас Рајхард.

Германија, поддржана од Данска, тврди дека наплаќањето на патарината е во согласност со транспортната политика на ЕУ и принципот дека корисниците и загадувачите треба да ги платат трошоците за користење на автопатите.

Треба да знаете
Последни објави