Search

Ерол Ризаов: Новото школо “Киро Глигоров” градено по европски стандарди е предвесник дека Македонија ќе успее

Ерол Ризаов: Новото школо “Киро Глигоров” градено по европски стандарди е предвесник дека Македонија ќе успее

Драги пријатели сакам да ја споделам со вас мојата радост од настан на кој во моментот сум присутен. Се отвара ново школо во Капиштец во центарот на Скопје. Децата што ќе се фирмираат како личности во училиштето “Киро Глигоров” ќе бидат Европјани. Ако и учителите се на ниво на современоста на училиштето тоа ќе биде почетокот на една нова генерација за која се исплатеа сите жртви. Кога ги гледам насмевките на децата, родителите и на наставниците знам дека не смееме да ја препуштиме иднината на судбината што ќе ни донесе таа. Иднината е во новите школи во нашите деца и внуци.
Школото заслужено го носи името на првиот претседател на држвата Киро Глигоров. Тој уште пред Независноста на Македонија пред да биде избран за претседател, кога не ни помислуваше на таа можност, во едно долго интервју кое го работевме во повеке продолженија објавено во “Нова Македонија” дословно кажа: “иднината на Македонија е во Европската Унија. Таму припаѓаме”. Отогаш поминаа 30 години сонот не сите генерации граѓани уште не е остварен. Но никогаш не сме биле поблиску до целта. Не смееме да дозволиме да ја испуштиме шансата кога за ова сами одлучуваме. Новото школо “Киро Глигоров” градено по европски стандарди е предвесник дека Македонија ќе успее.
Поздрав од новото школо.

Фејсбук статус на Ерол Ризаов

 

Треба да знаете
Последни објави