Search

Ерменски амбасадор тврди дека борци од Блискиот Исток влегуваат во битката за Нагорно Карабах

Турски трупи распоредени во Сирија веќе учествуваат во воените дејствија во Нагорно Карабах, изјави ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогајан.

– Според нашите информации, Турција распоредила околу 4.000 борци од Сирија во Азербејџан за воени дејствија против Ерменија, рече тој.

Дипломатот додаде дека е тешко да се одреди етничкиот состав на овие трупи.

Министерството за одбрана на Азербејџан од своја страна соопшти дека „борци, кои пристигнале од Сирија и други земји од Блискиот Исток” се борат на страната на Ерменија.

– Според добиена разузнавачка информација, меѓу загубите кај непријателот има многу платеници со ерменско потекло од Сирија и различни земји од Блискиот Исток. Но со оглед на тоа што не се официјално регистрирани во Ерменија, непријателот лесно ги прикрива тие загуби, изјави полковникот Вагиф Даргахли, шеф на прес службата на Министерството за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави