Search

Ерменскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан

Судот во Ерменија денеска нареди апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, обвинет за злоупотреба на власта.

Кочаријан беше уапсен во јули минатата година. Тој беше ослободен со кауција до почетокот на судењето, објави „Ројтерс“.

Обвиненијата се однесуваат на последниот период од неговиот мандат кога во 2008 година тој наредил на армијата и на полицијата да ги скршат протестите против резултатот на изборите на кои се избираше неговиот наследник.

Треба да знаете
Последни објави