Search

Ерменија соборила уште еден азербејџански ловец во Нагорно Карабах

Ерменските вооружени сили соборија уште еден азербејџански ловец Су-25, изјави заменик командантот на силите за противвоздушна одбрана на Ерменија, полковник Гарик Мовсешјан.

– Нашите сили успешно ги извршуваат сите свои задачи. Буквално десет минути пред прес-конференцијата, тие соборија уште еден Су-25, кој беше во напад, рече Мовсешјан.

Хикмет Халијев, помошник претседател на Азербејџан, извести дека во нападот во градот Татар, како резултат на намерниот напад на Ерменија врз гробиштата, биле убиени тројца цивили, а тројца биле сериозно ранети.

– Ерменија, која се крие зад хуманитарното примирје, спроведува политика на терор против цивили. Азербејџан го задржува сувереното право да ги заштити своите цивили, напиша Халијев на Твитер.

– Испратив јасни пораки на ерменската Влада и ерменскиот народ да престанат да се обидуваат да ги вратат ослободените територии. Ова само ќе доведе до нови загуби на животи и понатамошно крвопролевање, рече азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Ерменија и Азербејџан се борат на спорната територија Нагорно Карабах веќе 19 дена.

Двете страни меѓусебно се обвинија дека во текот на ноќта бомбардирале цивилни области.

За време на разговорите во Москва на 9 октомври, Азербејџан и Ерменија се согласија за прекин на огнот, а одлуката стапи во сила во саботата на 10 октомври, од хуманитарни причини, со цел размена на затвореници и пронаоѓање на телата на убиените во борбите. И покрај тоа, нападите продолжија.

Треба да знаете
Последни објави