Search

Ердоган ја обвини УЕФА за дискриминација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека УЕФА делува „дискриминаторски” против репрезентацијата на земјата, откако започна истрага за употреба на воени поздрави за време на натпреварите на Турците. УЕФА започна дисциплинска постапка против Турција минатиот месец, откако репрезентативците дадоа воен поздрав за време на квалификациите за ЕП 2020 – поздрав насочен во поддршка на војската во Сирија. Според Ердоган, тоа било дел од кампањата против турските спортски sвезди кои ја поддржале операцијата.

– Спортистите кои ја претставуваат нашата земја во странство беа мета на линч кампања уште од почетокот на офанзивата. Ние остро го негираме дискриминаторскиот, неправеден и политички однос на УЕФА кон нашите национални тимови и клубови. Природно е нашите спортисти да им честитаме на нашите војници за победата, додаде тој.

Играчите испратија воен поздрав за време на химните и по головите против Албанија и Франција минатиот месец. Питер Таунсенд на УЕФА изјави во тоа време дека поздравувањето „може да се смета за провокација”, со оглед на забраната на правилото за употреба на политички и религиозни гестови.

Треба да знаете
Последни објави