Search

Ердоган: Украина и Русија да го решат проблемот преку дијалог

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска изјави дека Украина и Русија треба да ги решат меѓусебните проблеми преку дијалог.

Тој истакна дека официјалната Анкара сака Црното Море да биде „море на мирот”, објави „Ројтерс“ и ги повика двете земји да седнат и да ги решат проблемите.

Кремљ денеска објави дека според нив воведувањето воена состојба во Украина по инцидентот во теснецот Керч може да доведе до зголемување на тензиите во југоисточниот дел на Украина.

По ситуацијата кај теснецот Керч, украинскиот парламент го разгледа, а претседателот Петро Порошенко го потпиша документот за воведување воена состојба во Украина, која ќе трае 30 дена.

Според претседателот на Украина, Петро Порошенко, повеќе никој не ѝ верува на Русија. Претходно, пак, германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, побара од официјалната Москва да се придржува кон меѓународното право и да го почитува суверенитетот на соседните земји.

Треба да знаете
Последни објави