Search

Ердоган: Турција ќе почне да испраќа трупи во Либија

Турција ќе почне да испраќа трупи во Либија како поддршка на меѓународно признаената Влада во Триполи, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Тој в недела ќе се сретне со лидерите на Германија, Русија, Велика Британија и Италија со кои ќе разговара за Либија.

Ердоган наведе дека Турција ќе почне да издава дозволи за истражување и дупчење во источниот дел на Медитеранот оваа година во согласност со поморскиот договор со Либија.

Тој додде дека турскиот брод Орук Реис ќе почне сеизмички активности во регионот.

По соборувањето на долгогодишниот либиски лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година, Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.

Од летото 2014 година Либија политички е поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук, што е под контрола на воениот лидер Халиф Хафтар и меѓународно признаената влада со седиште во Триполи, предводена од премиерот Фајез ел Сараџ.

Треба да знаете
Последни објави