Search

Ердоган: Турција ќе купи 120 авиони од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја одлучно ќе ја продолжи борбата против терористите, јави Анадолија.

-Секогаш сме им во мислите на терористите. Ги закопуваме во рововите кои сами си ги копаат и така ќе продолжиме и во иднина, изјави Ердоган во обраќањето на церемонијата на неколку завршени проекти во Истанбул.

Тој додаде дека Турција ќе купи 120 авиони Ф-35 од САД.

-Америка прави авиони Ф-35. И на нас ќе ни даде 120. Турција произведува некои делови за тие авиони”, рече турскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави