Search

Ердоган: Турција ќе делува поодлучно во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Анкара поодлучно ќе делува во Сирија, бидејќи во таа земја загинуваат турски војници, објави ТАС С.

Тој не прецизираше, кои чекори би биле преземни, само нагласувајќи дека Турција нема да потклекне пред сценаријата на глобалните сили. Ердоган рече дека за ситуацијата во Сирија разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин, со претседателот на Франција, Емануел Макрон и со германската канцеларка, Ангела Меркел.

Ситуацијата во Идлиб се влоши кон крајот на јануари, кога сириските владини трупи почнаа офанзива против екстремистите кои го прекршија примирјето. Москва повеќепати даде поддршка на овие противтерористички акции, додека Анкара тврдеше дека владините трупи го прекршиле примирјето договорено во Сочи.

Ердоган предупреди на можна воена операција во Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави