Search

Ердоган: Турција не може да прими нов бегалски бран од Сирија

Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска предупреди дека неговата земја веќе не може да ги отвори границите во случај на нов бегалски бран, што се заканува по нападите врз Идлиб во Сирија.

-Турција веќе згрижи милиони сириски бегалци и на тој начин ја заштити цела Европа, изјави Ердоган.
 
На приемот за американскиот министер за трговија Вилбурн Роша во Анкара Ердоган истакна дека од Турција веќе не може да се очекува тоа да го прави во случај на нов бегалски бран, што се заканува заради нападот во сирискиот Идлиб, пренесува агенцијата Анадолија.
Ердоган го коментираше и турско-американскиот договор за воспоставување зона на безбедност на северот на Сирија. Неговиот предлог за зоната, појасни, своевремено бил одбиен од американскиот претседател Барак Обама, но актуелниот претседател Доналд Трамп позитивно одогорил на него.

Според него, Турција инсистира на тоа регионот источно од Еуфрат и ирачката граница да се исчисти од „терористичката закана од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот. Кажа и дека за него е неприфатливо САД да испраќаат илјадници шлепери помош и оружје во тој регион, што, додаде, на крајот стануваат закана за Турција.

-Од САД очекуваме да биде крај нас во борбата против тероризмот и инсистирањето да воспоставиме безбедносна зона за мигрантите, рече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави