Search

Ердоган: Турција има право да спроведува воена операција во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека Анкара има право да спроведе прекугранична операција во соседна Сирија, благодарение на договор потпишан меѓу двете држави во турскиот град Адана во 1998 година.

„Што се однесува до користењето на воздушниот простор над Сирија, тој не припаѓа на САД. Тоа е меѓународен простор, тоа е сириски воздушен простор и бидејќи не припаѓа на САД, за користењето на воздушниот простор решава режимот на сирискиот претседател Башар Асад”, изјави Ердоган во интервју за „Јени Шафак”.

Тој забележува дека САД не се наоѓаат во Сирија на покана на режимот, а Турција е таму според договорот потпишан меѓу Анкара и Дамаск во Адана.

„Согласно тој договор, ако режимот не преземе акција против Курдиската работничка партија, тогаш нашата војска има право да ги гони терористите (на сириска територија)”, додаде Ердоган.

Односите меѓу Турција и Сирија во осумдесеттите и 90-тите беа крајно тензични бидејќи Анкара го обвини Дамаск за поддршка на ПКК. Во октомври 1998 година, изби криза меѓу двете земји и Турција и даде на Сирија рок од 45 дена да се откаже целосно од поддршката за ПКК. Истата година сириските власти го протераа лидерот на ПКК Абдула Оџалан од земјата.

На 20 октомври преговорите меѓу претставници на министерствата за внатрешни работи и за надворешни работи завршија во Адана со потпишување заеднички протокол и договор за безбедносни прашања.

Треба да знаете
Последни објави