Search

Ердоган тврди дека најмалку 14 турски војници загинале во гранатирањето во сириски Идлиб

Најмалку 14 турски војници загинале во две гранатирања во сириската провинција Идлиб, тврди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува ТАСС.

„До денес изгубивме 14 војници заради нападите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад“, рече тој во парламентот.

Претходните извештаи посочуваа дека во гранатирањата загинале 10 војници и тројца цивилни службеници.

Ситуацијата во Идлиб нагло ескалираше откако руската и турската армија се обидоа да воведат уште еден прекин на огнот, по што терористите само ги зголемија своите напади, што доведе до смрт на турски и руски воени специјалисти.

Сириската армија презеде акција и на 5 февруари го освои Сараќиб во Идлиб. На 3 и 10 февруари турската војска беше двапати погодена од артилериски напади на сириската армија. Како одговор на тоа, турската војска спроведе напади врз повеќе од 120 цели на сириската армија во Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави