Search

Ердоган тврди дека курдските борци одбиле да ја напуштат безбедната зона во Сирија

Курдските единици за заштита на народот, кои Анкара ги нарекува терористи, не ги повлекле своите борци од Североисточна Сирија, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„150-те часа предвидени со договорот со Русија завршија, но терористите не се повлекоа од областа. Тие сè уште изведуваат напади, а Слободната сириска армија реагира. Тие денес имаат 11 мртви. Треба ли да молчиме? Се разбира, ќе одговориме и успешно ќе го завршиме ова. Имам намера да разговарам за овој проблем со Путин“, рече Ердоган.

Москва и Анкара се согласија дека руската воена полиција и сириските граничари треба да спроведуваат заеднички копнени патроли и да внимаваат на повлекувањето на курдските милиции од граничната област.

Претходно неделава, турскиот претседател ги обвини САД дека не успеале да го контролираат повлекувањето на милитантите од границата, тврдејќи дека американските сили и Курдските единици за заштита на народот (YPG) воспоставиле заеднички патроли во безбедносната зона во Сирија, што претставува кршење на американско-турските договори.

Треба да знаете
Последни објави