Search

Ердоган: Ставот на ЕУ кон Турција е далеку од конструктивен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ставот на Европската Унија (ЕУ) кон Турција, во последниот период, е далеку од конструктивен, јави агенцијата Анадолија.

– Билатералните прашања на неколку земји-членки, не треба односите меѓу Турција и ЕУ да ги доведат во заложништво, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Во обраќањето турскиот претседател се осврна и на борбата на Турција против тероризмот.

– Во светот во моментот нема друга земја којашто се бореше толку силно против ДЕАШ како Турција, рече Ердоган и додаде дека на 76.000 лица од 151 земја Турција забрани влез во земјата, меѓу кои има припадници на ДЕАШ, и други терористи.

– Ја фативме постарата сестра на Багдади со нејзиниот сопруг, сега е кај нас. Како последно, фативме и 13 лица од најблискиот круг, рече турскиот претседател.

Тој истакна дека во првата етапа, само во сириски Ал Баб, Турција неутрализира над 3.000 припадници на ДЕАШ, и дека моментално во затворите во Турција има над 1.150 припадници на ДЕАШ.

– Човекот наречен Мазлум Кобани (еден од водачите на терористичката ЈПГ/ПКК) не се разликува од Багдади, рече турскиот претседател и нагласи дека тероризмот не завршува само со убивањето на водачите на терористичките организации.

– Доколку не успееме да го исполниме она што го наложува стратешкото партнерство, теророт што нѐ погоди денес нас, утре ќе погоди друга земја, предупреди Ердоган.

Тој рече дека Турција ќе продолжи со згрижувањето на сириските бегалци, без оглед дали доаѓа поддршка или не, но и порача: „Ако видиме дека таа работа не може да ја продолжиме, ќе мора да ги отвориме вратите.”

Ердоган се осврна и на неговата посета на САД во рамките на која истакна дека ќе стане збор за регионалните прашања, особено за меѓусебните билатерални односи, кaко и за системите S-400 и „Патриот”, и за програмата за F-35.

Треба да знаете
Последни објави