Search

Ердоган се закани со нов мигрантски бран : Ќе ги отвориме вратите !

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со нов ултиматум до Брисел – ако не ги почитувате договорите , ги отвораме вратите на стотици илјади мигранти.

Ердоган , чија земја прими над 4 милиони мигранти , се закани дека ќе пушти нов бран мигранти во ЕУ , доколку не добие поголема меѓународна помош.

Повеќе од 3,5 милиони од овие бегалци се Сиријци, а Анкара сака да се воспостави „безбедна зона“ во таа земја каде што можат да се вратат.

„Ако тоа не се случи, ќе мора да ја отвориме вратата. Или ќе ни помогнете или, жал ми е, има ограничувања колку можеме да издржиме“, рече тој во телевизискиот настап во Анкара.

„Предлагаме формирање на безбедна зона и ако го сториме тоа, ќе и биде од помош на Турција“, додаде тој.

Тој исто така предупреди на ситуацијата во Идлиб – сириска провинција по должината на турската граница, дом на околу 3 милиони луѓе – приврзаници на  режимот во Дамаск и од каде се поголем број авганистански мигранти влегуваат во Турција.

„Немавме доволно поддршка и ќе мора да ги отвориме вратите за да добиеме помош “, додаде Ердоган, додавајќи дека Турција потрошила 40 милијарди долари и добила само три милијарди евра од Европската унија за да им помогне на  сириските  бегалци.

Во 2016 година, Турција и ЕУ потпишаа договор со кој се предвидува враќање на мигрантите кои нелегално влегле во Грција од Турција, како замена за финансиска помош од 6 милијарди евра.

„До денес, ЕУ исплати 5,6 од одобрените 6 милијарди евра“, рече портпаролката на Европската комисија, Наташа Бертауд, ветувајќи го „остатокот“ наскоро.

Треба да знаете
Последни објави