Search

Ердоган: Само Анкара може да воспостави безбедна зона во Сирија

Турција очекува безбедната зона во Сирија, долж границата со Турција, да биде воспоставена во рок од неколку месеци, а тоа може да го направи само Анкара, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во говорот во источната провинција Ерзурум, Ердоган рече дека според договорот со Сирија од 1998 година, на Турција ѝ е дозволено да влезе на сириска територија кога се соочува со закани, објави агенцијата „Ројтерс“.

Тој додаде дека не доаѓа предвид безбедната зона да се формира од страна на меѓународната коалиција.

Треба да знаете
Последни објави