Search

Ердоган: Подготвени сме да го нападнеме Манбиџ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските трупи и нивните сојузници од сириската опозиција се подготвени да извршат напад врз градот Манбиџ кој го држат сириските Курди.

„Ние ќе ја спроведеме нашата одлука за Манбиџ“, им рече Ердоган на новинарите.

Целта е во градот да се врати арапското население кое, рече тој, ги има сите имотни права, пренесува АП.

Претходно, турската телевизија јави дека турските сили се подготвувале за операција во Манбиџ и се позиционирале на периферијата на градот.

Во меѓувреме, сириските Курди постигнаа договор со владата во Дамаск за заедничка одбрана од турската инвазија.

Треба да знаете
Последни објави