Search

Ердоган: Можен е референдум за членство во ЕУ

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека на Турција би ѝ одговарал референдум за пристапување во Европската Унија, додавајќи дека за тоа ќе разговара со своите колеги.

Ердоган веќе подолго време јавно го изразува незадоволството од бавниот процес на пристапување на Турција во Унијата.

„Ова е 2018 година и ние уште чекаме“, рече тој.

Додаде дека сега е време политичарите да им се обратат на турските граѓани.

„Наша работа е сега да им да се обратиме на нашите граѓани и да видиме што имаат да кажат за тоа прашање 81 милиони луѓе“, рече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави