Search

Ердоган за прв пат во посета на Венецуела

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган ги пофали односите со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за време на неговата прва посета на земјата.

Ердоган за време на својата посета посочи дека верува оти на Венецуела неправедно и се наметнати меѓународните економски санкции и ја понуди својата помош.

Тој го пофали Мадуро поради тоа што не го следел примерот на останатите лидери. Официјалните податоци од турската влада укажуваат на тоа дека Венецуела оваа година продала околу 900 милиони долари злато на Турција, што според АП, помогна да се ублажат намалените приходи од нафтата.

Треба да знаете
Последни објави