Search

Ердоган: Задолжително да се ревидира Дејтонскиот договор

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ во Анкара изјави дека треба да се ревидира Дејтонскиот договор.

– Дејтонскиот мировен договор задолжително треба да се ревидира. Многу е јасно дека Дејтонскиот договор во досегашниот период не донесе решение за иднината на Босна и Херцеговина, посочи Ердоган.

Тој додаде дека потребно е активно вклучување на Обединетите нации за БиХ и Дејтонскиот договор.

Тој најави и трилатерална средба Турција – БиХ – Хрватска, која би се организирала по формирање на органите на власт во БиХ.

Треба да знаете
Последни објави