Search

Ердоган: Голем чекор во развојот на вацина против Ковид-19

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска на свечаност на Научниот и технолошки совет изјави дека е постигнат голем напредок во развојот на вацина против новиот коронавирус и за лекови за вирусот.

Тој додаде дека тоа е постигнато во соработка со приватниот сектор и универзитетите.

– Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која почна да развива вакцина. Тоа се податоци на Светска здравствена организација, посочи Ердоган.

Тој истакна дека во моментот се работи на раазвој на осум различни видови вакцина и десет медицински проекти. Ердоган потенцира дека е завршено тестирањето на два вида вакцина врз животни, а за една од нив е одобрено тестирање на луѓе.

Треба да знаете
Последни објави