Search

Ербас најави затворање на поголем број погони во Шпанија

– Европскиот производител на авиони Ербас најави дека до 9 април ќе затвори најголем дел од своите производствени капацитети во Шпанија поради пандемијата со Ковид-19.

– Обезбедувањето, ИТ и инженерскиот сектор ќе останат активни заедно со клучните позиции кога станува збор за комерцијалните летови, хеликоптери и одбрана, се наведува во соопштението на Ербас.

Таквата мерка уследи само една недела по паузата во производството, што компанијата го искористи да ги имплементира неопходните здравствени и безбедносни мерки.

Ербас исто така го намали производството на крила во погоните во Бремен, во Фултон и во Бротон.

Треба да знаете
Последни објави