Search

ЕП: Хрватска одигра нерешено со Шпанија и остана второпласирана во групата

– Хрватска одигра нерешено 22:22 со Шпанија во последниот натпревар од групата А и оди во полуфиналето на Европското првенство како втор тим во групата.

Шпанците имаат подобра гол разлика и како победник во групата ќе влезат во завршницата на турнирот. Домагој Дувњак промаши удар за победа , а лоша вест за Лино Червар е повредата на Игор Карачиќ, кој при еден пад претрпе повреда на коленото. Наскоро се очекуваат информации за тоа дали поранешниот играч на Вардар има шанса да го продолжи патот кон финалето со „коцкастите”.

Во втората група, Норвешка оди натаму, но сè уште не се знае дали ќе заврши прва или втора. Словенија или Унгарија ќе продолжат понатаму со Скандинавците.

Треба да знаете
Последни објави