Search

ЕП незадоволен од предлогот на Борис Џонсон за Брегзит

Предлозите на британскиот премиер Борис Џонсон за договорот за напуштање на Велика Британија  од ЕУ „ниту од далеку” не се совпаѓаат со она што е потребно за компромис, оцени денеска Управната група на Европскиот парламент за Брегзит.

Откако главниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние го информираше тоа тело со предлозите на британскиот премиер, Управувачката група на ЕП за Брегзит соопшти дека предлозите на Џонсон се „чекор назад наместо чекор напред” кон општ договор, додека се приближува крајниот рок за излез на Британија, 31 октомври.

– Британските предлози се недоволни и претставуваат големо оддалечување од заедничките обврски и цели, се наведува во соопштението.

Управувачката група вклучува експерти од сите водечки пратенички групи на Европскиот парламент кои треба да го одобрат договорот за Брегзит пред да стане официјален.

Треба да знаете
Последни објави